Деветтото издание на „Денот на Франкофонијата” во Гостивар [fr] [sq]

Амбасадорот го отвори во саботата, на 18 мај во Центарот за култура во Гостивар, деветтото издание на „Денот на Франкофонијата”. Организирана од професори по француски јазик од неколку градови (Добри Дол, Кавадарци, Лозово, Пехчево, Скопје, Тетово и Врапчиште), со поддршка од Францускиот институт во Скопје и Општината Гостивар.

Оваа висококвалитетна претстава исполнета со песни, танцување и поезија, беше сведоштво за разновидноста на Франкофонијата и нејзиното присуство од едниот до другиот крај на земјата, благодарение на активностите на професорите и на учениците. Од Генсбур до Заз и од Бодлер до Превер, темата на патувањето провејуваше низ француската песна и поезија.

publie le 23/05/2019

hautdepage