Во средата на 29 јануари, делегација од градот Иф беше примена во амбасадата од страна на првиот советник и аташето за соработка. Делегацијата беше составена од претставници на градот одговорни за млади и културни активности, како и тројца професори од средното стручно хотелско-туристичко училиште.
Делегацијата ќе престојува една недела за да ја подготви следната размена на 30 средношколци од градовите Иф и Дебар. Двата града се збратимени повеќе од дваесет години, а нивното динамично и креативно партнерство беше овозможено токму благодарение на посветеноста на овие француски и македонски промотори.