Добар напредок на македонската одбрана [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за одбрана, се сретна со заменик-премиерот и министер за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска.

Во оваа прилика, соговорниците разговараа за новите можности за билатерална соработка и размена на искуства во мировните операции, како и за состанокот на експерти во Париз што треба да се одржи во март, на оваа тема. Тие, исто така, разговараа и за можностите за взаемна соработка меѓу француската и македонската воена индустрија. За време на оваа средба, амбасадорот ја повтори позицијата на Франција, која целосно ги поддржува реформите кои имаат за цел европска и атлантска интеграција на земјата.

publie le 31/01/2018

hautdepage