Добитникот на наградата "Гонкур" во резиденцијата на Франција [fr] [sq]

Во понеделникот, на 15 октомври, амбасадорот организираше прием во чест на Матијас Енар, еминентен француски писател, добитник на нагрдата Гонкур за 2015 година за неговиот роман "Компас".

Повеќемина македонски писатели и интелектуалци, присутни на овој прием, имаа можност да разговараат со авторот на романот "Компас", преведен на албански јазик, во издание на "Бузуку", а наскоро истиот ќе излезе и во превод на македонски јазик од издавачот "Антолог".

publie le 19/10/2018

hautdepage