Доделување дипломи на шестата генереација судии и јавни обвинители [fr] [sq]

Во средата на 9 октомври, амбасадорот присуствуваше на свеченоста по повод дипломирањето на шестата генерација судии и јавни обвинители обучени од Академијата, во присуство на нејзиниот директор, г-ѓа Наташа Габер Дамјановска, на министерката Рената Дескоска и највисоките судски органи во земјата.

Потсетувајќи дека Франција соработува со оваа институција повеќе од десет години, амбасадорот истакна дека независноста на судството започнува со неутралност при вработувањето на судиите и интегритетот на нивната практика. Франција смета дека почитувањето на владеењето на правото е од клучно значење за европската интеграција на Северна Македонија и ја поддржува во овој процес :

JPEG

Госпоѓо Министер,
Госпоѓо Директор,
Дами и господа судии и обвинители,

Еве ме по втор пат. Горд и почестен што ќе бидам дел од еден важен настан во животот на оваа академија, кој во голем дел ги задржува надежите за прогрес во областа на владеењето на правото. Франција долгорочно е посветена и останува со вас преку нашата Национална школа за судии и обвинители и е горда на постигнатите резултати.

Направивме биланс на десетгодишната соработка, кој во голема мерка беше позитивен, како што утврди позитивниот извештај од страна на Европската комисија. За нас тоа е охрабрување да се поставиме на долг рок и ако е можно надвор од брановите на политичките промени што треба да ја остават божицата Темида недопрена.

Независноста на судството никогаш не се постигнува без тешкотии и треба постојано да се брани, пред сѐ од граѓаните, но и од самите судии. Оваа независност започнува преку неутралноста при нивното вработување и квалитетот на нивното знаење и се утврдува со силата на нивните пресуди и интегритетот на нивната практика. Овој интегритет е многу важен и само на тој начин може да биде почитуван од граѓаните.

Можам само да ве охрабрам да го следите овој идеал. Знам дека вие, новите судии и обвинители, и покрај критиките и недостатоците, ќе бидете инспирирани од овој концепт. Ако секоја власт треба да си го знае своето место, знајте дека очекуваме од вас како Европејци, храброст и смелост. Впрочем, напредокот во областа на владеењето на правото, што е клуч за вашата европска интеграција, ќе го проценуваме во согласност со вашата практика, како и според донесените закони.

Значаен дел од иднината на оваа земја е во ваши раце. Вие треба да ја почитувате и зацврстите честа на вашата институција, но и да го придружувате општеството при неговата трансформација на патот кон Европа. Франција за ова секогаш ќе биде на ваша страна, повеќе од кога и да е, убедена од сопственото искуство дека без силно и независно правосудство нема да постои Европа за која вреди да се бориме. Ви посакувам и вам и нам, да видиме дека ќе извојувате победа за вас, за вашата земја и за нашиот европски проект.

Ви благодарам.

publie le 11/10/2019

hautdepage