Доделување на благодарница за активностите на Амбасадата на Франција наменети за Ромите во Северна Македонија [fr] [sq]

За 15-годишнината од нејзиното формирање, НВО Национален ромски центар, долгогодишен партнер на амбасадата, во понеделникот на 8 април - на Меѓународниот ден на Ромите, му врачи благодарница на амбасадорот за активностите на нашата амбасада наменети за Ромите во Северна Македонија.

Во таа пригода, амбасадорот му се заблагодари на претседателот Ашмет Елезовски и на неговата делегација млади активисти: тој потсети дека Меѓународниот ден кој ја слави културата на Ромите, мора да ја подигне свеста за проблемите на заедницата со цел да се промовира нејзина подобра интеграција. Ова, истакна тој, исто така значи слободно и транспарентно учество на следните претседателски избори.

publie le 15/04/2019

hautdepage