Доделување на наградата Личност за 2018 година од Југоисточна Европа (SEE Personality 2018) [fr] [sq]

Претседателот на управниот одбор на компанијата "Винарија Тиквеш" и член на инвестициската група "М6" - г. Светозар Јаневски ја освои наградата Личност за 2018 година од Југоисточна Европа (SEE Personality 2018).

Добитници на оваа награда, што се доделува во рамките на фестивалот на ЈИЕ во Париз, се личности од регионот кои преку своите активности и поддршка за културата и уметноста значително придонесуваат за промовирање на европските вредности во регионот на Југоисточна Европа. Амбасадорот во петокот, на 20 јули, во резиденцијата на Франција организираше прием, при што оваа награда му беше доделена на г. Јаневски, во присуство на неговата сопруга, г-ѓа Нина Јаневска и на ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - ЕСРА, амбасадорот Јордан Плевнеш, придружуван од неговата сопруга, г-ѓа Лилјана Котевска-Плевнеш.

publie le 05/08/2018

hautdepage