Доделување на наградата Симон Веј на Француската Република [fr] [sq]

На 8 март 2019, Претседателот Емануел Макрон по прв пат ја додели наградата Симон Веј на Француската Република на г-ѓа Аиса Думара Нгатансу, државјанка на Камерун, коосновач и координатор на локалната организација на АЛВФ за борба против насилството врз жените) на крајниот Север на Камерун.

Наградата „Симон Веј" им се доделува на активисти од ширум светот кои работат на унапредување на правата на жените, со што ја продолжуваат основната посветеност на Симон Веј.

JPEG

Амбасадата на Франција во Скопје преку својата програма за поддршка на НВО ја поддржува и оваа активност во Република Северна Македонија. Во таа пригода, го поздравуваме законот за спречување и заштита од дискриминација што го усвои Собранието на 10-ти март оваа година.

publie le 14/03/2019

hautdepage