Доделување на одликувањето Офицер на Националниот ред за заслуги на госпоѓа Илинка Митрева [fr]

Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. господинот Кристиан Tимоние, во име на Претседателот на Република Франција, ја одликува госпоѓа Илинка Митрева со орден Офицер од Националниот ред за заслуги.

Амбасадорот на Република Франција, Н.Е. господинот Кристиан Tимоние, во име на Претседателот на Република Франција, ја одликува госпоѓа Илинка Митрева со орден Офицер од Националниот ред за заслуги. Госпоѓата Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешен министер за надворешни работи, го добива ова значајно француско одликување за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција, во приближувањето на францускиот јазик и книжевност кај младите генерации. Високо се вреднува и нејзиниот ангажман во промовирањето на Франкофонијата и на европските вредности во Македонија.

publie le 04/05/2017

hautdepage