Документарен филм за промоција и заштита на црквата во Курбиново [fr] [sq]

Амбасадата на Франција, во соработка со здружението "Македонида", ги поддржува активностите за конзервација на овој значаен споменик на средновековната уметност во Македонија.

„Не постои поубав симбол за Европа што сакаме да ја градиме, Европа која покажува одговорност кон наследството, Европа која ги приближува Рим и Византија, Европа која на идните генерации им остава место исполнето со убавина, за која ние имаме заедничка одговорност”, истакнува амбасадорот во документарниот филм за културната важност и заштитата на црквата „Свети Ѓорѓи” од Курбиново (12:21).

Тој присуствуваше, заедно со министерот за Култура, г. Асаф Адеми и директорката на Агенцијата за заштита на културното наследство, г-ѓа Елеонора Петрова-Митевска, во петокот, на 28 септември на меѓународна конференција за валоризација на црквата „Свети Ѓорѓи” во Курбиново. Познатиот француски архитект Ерве Декломенил, реномиран специјалист за заштита на споменичното културно наследство, дава своја експертиза при изработката на предлог-проектот за конзервација на овој локалитет.

publie le 01/10/2018

hautdepage