Должноста за спомен, посилна од пандемијата [sq]

Денес, амбасадите на Француската Република и на Сојузна Република Германија заедно ја одбележуваат 102-годишнината од крајот на непријателствата во Првата светска војна

Денес, амбасадите на Француската Република и на Сојузна Република Германија заедно ја одбележуваат 102-годишнината од крајот на непријателствата во Првата светска војна. Почитта кон жртвите од војната ќе биде одбележана со положување венец во боите на Франција и на Германија, на Француските воени гробишта во Скопје, каде почиваат борците кои загинаа на Источниот фронт. Почитувањето на превентивните мерки поврзани со епидемијата КОВИД-19 не овозможуваат да се одржи традиционалната церемонија. Затоа, германската амбасадорка и францускиот амбасадор ја искажаа својата почит, чувајќи го споменот за загинатите и имајќи ги оваа година во своите мисли и жртвите на пандемијата.

publie le 11/11/2020

hautdepage