Дрва за Европа во Француското Интернационално Училиште - EFIS [fr] [sq]

Француското Интернационално Училиште - EFIS се приклучи кон движењето „TREES for EUROPE /ДРВА ЗА ЕВРОПА” (https://bit.ly/30eQf5u), поканувајќи ги училиштата да засадат дрво во својот двор, за Денот на Европа.

Амбасадорот на Франција и директорот на ЕФИС, засадија фотинија на влезот од училиштето, со учество на голем број ученици, симболично прославувајќи го на тој начин Денот на Европа. Во оваа пригода, амбасадорот им честиташе на директорот и на неговите соработници за нивното беспрекорно залагање за развојот на училиштето, како важен елемент од франкофонското присуство во Северна Македонија.

publie le 13/05/2019

hautdepage