Двајца француски команданти од службата за противпожарна заштита реализираа една обука во Македонија [fr] [sq]

Г. Бордеро и г. Балистер, престојуваа во Македонија како дел од соработката финансирана од Министерството за Европа и надворешни работи за да реализираат обука од областа на цивилната заштита.

JPEG - 163.9 ko

Обуката беше фокусирана на потеклото на пожарот, како несреќен случај или кривично дело, а беше наменета за претставници на неколку институции надлежни за справувањето со пожарите кои ги споделија своите искуства во врска со улогата на пожарникарите истражители, за применетиот научен метод во однос на трагите од согорувањето и ефектот на огнот, како и за методите на истрага поврзани со смртоносните пожари од криминално потекло и од несреќен случај.

JPEG - 170.2 ko

Во петокот, на 1 февруари, во Центарот за полициска обука во Идризово, амбасадорот и министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски ги доделија сертификатите за обука на учесниците на оваа активност и ја истакнаа важноста на соработката како конкретен пример за градење на европската солидарност во областа на цивилната заштита, што претставува приоритетен домен во процесот на реформи.

JPEG - 102.4 ko

publie le 05/02/2019

hautdepage