Две езера - две стратешки цели - ЕУ и НАТО [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во понеделникот на 9 септември на искачувањето на планината Галичица, во организација на Министерката за одбрана во чест на Денот на независноста, под мотото „Две езера - две стратешки цели - ЕУ и НАТО“.

Војници, членови на Владата, амбасадори, аташеа за одбрана и градоначалници учествуваа на маршот до врвот Лако Сигној, со поглед на Преспанското и Охридското езеро. На тој терен Француската армија водела тешки борби за време на Првата светска војна. Во оваа прилика, амбасадорот истакна дека активноста е симбол на мирот и надежта на Северна Македонија и дека Франција е на нејзина страна за да ја оствари таа надеж. По искачувањето, учесниците ја посетија Галеријата на современа керамика во Ресен и Здружението „Руралните жени од Преспа“ во селото Брајчино, како модел за еколошки туризам.

publie le 19/09/2019

hautdepage