Движењето БЕСА го поддржува референдумот за името [fr] [sq]

Во вторникот, на 10 јули, амбасадорот оствари средба со претседателот на движењето БЕСА (опозиција), г. Билал Касами и заменик-претседателот, г. Кастриот Реџепи.

На средбата, двете страни го поздравија неодамнешниот напредок во решавањето на спорот за името помеѓу Скопје и Атина, за кое оваа партија е подготвена да даде поддршка и на референдумот што треба да се одржи наесен.

JPEG

Претставниците на партијата, исто така, разговараа за ефективноста на реформите за пристапување кон ЕУ, вклучувајќи го и зацврстувањето на владеењето на правото, како и за судската независност и интервенцијата на власта во доменот на верските прашања.

publie le 13/07/2018

hautdepage