ЕЛИСЕЈСКИ ДОГОВОР (22 ЈАНУАРИ 1963)

Амбасадите на Германија и Франција во Скопје би сакале да потсетат на значајноста и развојот на Елисејскиот договор, склучен пред 48 години помеѓу канцеларот Аденауер и генералот Де Гол (на 22 јануари 1963 година).

Со Елисејскиот договор се започна една билатерална соработка во доменот на надворешните работи на двете држави, одбраната, младите и образованието со цел да се потврди постигнатото француско-германско помирување. Со овој акт, не само што се сврте страницата на една долга и крвава историја на војни и борби, туку широко се отворија вратите на една заедничка европска иднина.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на претседателско ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат обострана размена на државни службеници, воспоставување на меѓуминистерска комисија за соработка, на француско-германски универзитет и француско- германска Канцеларија за млади.
JPEG
Француско-германската соработка игра примарна улога во перспективите за македонското присоединување кон Европската Унија и од аголот на содржината на вредности на оваа соработка. Овие вредности покажуваат дека не постои ненадминлива пречка доколку предвидувањата и предрасудите исчезнат за да им се отстапи место на почитта, дијалогот и
изградбата на еден заеднички проект.

Во врска со таа тема, во недела, на 23 јануари 2011 година, на А1 ТВ (во рамките на вестите во 19.00 ч.) ќе се емитува разговор со Амбасадорите на Сојузна Република Германија, г-ѓа Улрике Кноц, и на Република Франција, г-нот Жан-КлодШлумберже.

publie le 13/04/2012

hautdepage