Единствена парична валута [fr]

На 1ви јануари 2002 , еврото стана единствена парична валута за 300 илјади европејци од 15 земји на Европската унија (евро зона).

1969 : на Самитот во Хаг, шест земји членки на Европската економска заедница си ја поставуваат за цел Европската и монетарна унија (планот

1971 : планот Вернер предвидува усогласување на националните економии со цел да воведат единствена парична монета за Европската економска заедница. Нестабилниоста на европските монети го уништува овој проект.

1972 : со креирањето на Европскиот монетарен и Европскиот монетарен систем во 1979 година, воведена е контрола на флуктуацијата на европските монети.

1986 : единствениот акт во Римскиот договор има зацртано брза реализација на Економската монетарна унија.

1990 : првата етапа во реализацијата на Економската монетарна унија со слободното движење на капиталот.

1992 : договорот од Мастрихт ги дефинира критериумите за усогласување на економиите на земјите членки, што претставува очетна етапа во создавањето на единствена монета.

2 мај 1998 : Европскиот совет ја утврдува листата на земји членки: Германија, Австрија, Белгија, Шпанија, Финска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија и Португалија (приклучување на Грција во 2001).

1 јуни 1998 : основање на Европската централна банка, задолжена за европската монетарна политика.

1 јануари 1999 : еврото станува единствена монета. Курсот на разамена на валутата помеѓу еврото и националните монети е определен (1 евро= 6,55957 франци). Трансакциите на пазарот на капиталот се прават со евра.

1 јануари 2002 : еврото влегува во употреба кај 12 земји членки.

17 февруари 2002 : франкот е ставен надвор од употреба.

1 јануари 2007 : влез на Словенија во евро зоната

1 јануари 2008 : влез на Кипар и Малта во евро зоната

Промената на паричната валута бара адаптирање од страна на потрошувачите, претпријатијата и управата.

Многу други домени подлежат на промени : етикетирање на цените, преобразба на сметките во банките, создавање на милијарди нови монети и банкноти, повлекување на франкот од употреба...

Зошто служи единствената монета ?
Европската економија претставува голем и единствен пазар. Земјите членки на Европската унија го реализирааат поголемиот дел од својата трговска размена во внатрешноста на Европа.

Единствената парична монета ќе направи да исчезнат пробремите со размената на курсната валута и ќе придонесе во создавањето на една меѓународна монета. Со олеснувањето на паричната размена и инвестициите, земјите од евро зоната настојуваат да ја зголемат вработеноста во Европа.

Еврото. Од 1 јануари 2002, 15 милијарди банкоти и 60 милијарди монети беа ставени во употреба во целата евро зона.

Монетите. Едната страна од монетите е иста за сите земји од Европската унија (препознатлива е по 12те симболични ѕвезди), а другат страна носи национален симбол.

Во Франција, националната страна на монетата ја красат 3 симболи : (симбол на Републиката и слободата), дрвото (симбол на животот) и (алегоријата на плодноста). Која и да е нивната национална ознака, монетите слободно циркулираат низ целата европска зона.

Банкнотите. Три елементи се испечатени на банкнотите : врати и прозорци на предната страна и мостови на задната. Овие елементи се инспирирани од седумте стилови во архитектурата кои ја обележаа европската култура : класичен, римски, готски, ренесансен, барокен, рококо, архитектурата која вклучува железо и стакло и на крај модерната архитектура.

Курсната валута на еврото во однос на франкот : 1€= 6,55957 FF.

publie le 16/04/2012

hautdepage