Економска работилница Business France за Македонија, во Париз на 19 февруари 2016 [fr]

Педесетина француски компании и вкупно 60 учесници, присуствуваа во петок 19 февруари, во текот на целиот ден, на работилницата организирана од Business France за Македонија, што претставува прва етапа од циклусот за Западен Балкан.

По отворањето од страна на Министерот Горан Мицковски, Вршителот на должност во Париз господинот Габриел Атанасов и Амбасадорката Лоренс Оер, беа направени презентации по сектори. Особено, од страна на Директорката на Текстилниот кластер на Македонија, Наташа Сивевска, и Госпоѓата Од Насје-Мопа, која го опиша ефективниот процес на влез на француската компанија од искуството на фирмата FAME’s.

JPEG

По остварената комуникација со присутните, денот продолжи до вечерта со посебни средби, со совети за заинтересираните компании и закажување состаноци за посета. На крајот, регионалниот директор на Business France, Пјер Лињо, најави возвратно одржување на работилница во Скопје, наесен со присуство на заинтересираните компании во секторите што ќе бидат определени во текот на следните шест месеци. Производството на храна, животната средина, текстилот и новите технологии се придодаваат кон инфраструктурниот сектор како области од заеднички интерес за француско-македонската економска соработка.

JPEG
Говор на Госпоѓата Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија, на отворањето на економската работилница за Македонија, Business France Париз

publie le 22/02/2016

hautdepage