Економски форум Франција-Балкан: соединување и сплотување на енергии [fr] [sq]

Балканот се подготвува за следниот економски форум "Франција-Балкан" во Белград.

Господинот Пјер Лињо, директор за Балканот на Агенцијата за промоција на трговијата и инвестициите на Франција (Business France), со седиште во Атина, оваа недела беше во посета на Скопје, со цел да ги информира и запознае одговорните чинители и сите засегнати страни за одржувањето на следниот економски форум "Франција-Балкан" од 30 мај до 1 јуни 2018 година во Белград, на кој ќе учествуваат политички, економски и деловни лидери од Франција и од 12 земји (Западен Балкан, Хрватска, Бугарија, Романија, Грција, Кипар, Молдавија).
Во таа насока, г. Лињо и амбасадорот на Франција остварија средби со министерот за економија, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции, со членовите на кабинетот на заменикот на претседателот на владата задолжен за економски прашања, со директорите за економски прашања и билатерална соработка при Министерството за надворешни работи и претседателите на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Агенцијата за инвестиции на Македонија. На состанокот во Белград, фокусот ќе биде ставен на земјоделско-прехранбената индустрија, информатичката технологија, туризмот, инфраструктурата и енергетскиот сектор, а особено на обновливите извори на енергија. Засегнатите компании и организации ќе имаат на располагање информатичка платформа која ќе им овозможи да остварат состаноци со очекуваните 250 компании и ќе имаат можност да организираат штандови за да ги презентираат своите активности.
Сите соговорници ја поздравија оваа иницијатива на Агенцијата за промоција на трговијата и инвестициите на Франција (Business France) како можност да се продлабочат билатералните размени со Франција и земјите од регионот и да се промовираат новите можности што ги нуди земјата во контекст на реформите најавени од страна на властите и нејзиното продолжување по патот на европската интеграција.
За дополнителни информации
Business France ; http://en.businessfrance.fr/

publie le 08/02/2018

hautdepage