Економски средби "1Aмбасадор1Претприемач1Регион" [fr] [sq]

Во понеделник, на 27 август попладне во Париз се одржаа по четврти пат „speed-dating” средбите "1Aмбасадор1Претприемач1Регион".

Во текот на тие 15-минутни средби, речиси 400 претприемачи имаа директен контакт со амбасадорите и амбасадорките на 172 дипломатски претставништва на Франција.

Овие средби претставуваат можност компаниите да ги промовираат своите проекти во странство и да ги дефинираат капацитетите за поголем успех на меѓународен план.

Тие исто така се можност претприемачите да се информираат за евентуалните тешкотии на одредени пазари и да елаборираат можни решенија со поддршка од сите амбасади и оператори.

Во текот на својот престој, амбасадорот ќе се сретне со претставници на четири француски компании и со млад македонски претприемач сопственик на фирма во Париз, кој сака, заедно со амбасадата, да даде поддршка на иновативните проекти.

publie le 29/08/2018

hautdepage