Средба со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Бујар Османи [fr] [sq]

Во средата на 3 април, амбасадорот оствари средба со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Бујар Османи во врска со неодамнешните политички настани на европско ниво и во двете земји, како и за перспективите за билатерална соработка.

Тој со интерес ги забележа тековните разговори со опозицијата, со цел да се изнајде консензуално решение за прашањето поврзано со Специјалното обвинителство и потсети дека Франција придава голема важност на оваа точка за ефикасно спроведување на реформската агенда. Тој ја поздрави историската посета на премиерот Ципрас на Скопје и примерната порака што беше пренесена за регионално помирување, клучна за европската иднина на регионот.

publie le 05/04/2019

hautdepage