„Ероп Ред“ застанаа во Крива Паланка [fr] [sq]

Во четвртокот на 8 август, амбасадорот заедно со своите соработници, присуствуваше на еден исклучителен настан во Крива Паланка, каде околу 800 француски учесници на 6-то издание на „Ероп Ред“, првото авантуристичко патување низ Европа, застанаа попатно за да донираат училишен материјал на учениците од градот, активно место на Франкофонијата во Северна Македонија.

Во рамките на овој настан, амбасадорот го посети Осоговскиот манастир и оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, г. Борјанчо Мицевски, со кого разговараа за перспективите за билатерална соработка.

publie le 12/08/2019

hautdepage