Европскиот проект: значење, припадност, проширување? Француска перспектива [fr] [sq]

Себастијан Мајар, директор на Институтот „Жак Делор“ одржа предавање во Секретаријатот за европски прашања на тема „Европскиот проект: значење, припадност, проширување? Француска перспектива“, во присуство на Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Калинка Габер. Инсистирајќи на темелите од европската изградба, тој потсети дека мирот, економскиот просперитет и проширувањето на Европската унија остануваат актуелни цели, за нашиот континент да може да ја задржи својата улога во светот.

Париз воопшто не се сомнева дека местото на Западен Балкан е во Европската унија, а претседателот Макрон бара Унијата да ја исполнува својата заштитничка улога, да биде обединета и ефикасна. Дискусијата што се отвори по неговата презентација овозможи да се продлабочи новата методологија предвидена за прогресивно пристапување, потоа се зборуваше за односите ЕУ-САД, за можните ефекти од Брегзитот и за почетокот на Конференцијата за иднината на Европа. Господинот Мајар ја претстави својата книга напишана во коавторство со претседателот на Институтот Делор, г. Енрико Лета, „Да се гради Европа во овој суров свет“. Амбасадорот организираше прием во резиденцијата на Франција за претставници од Секретаријатот за европски прашања, дипломати и истражувачи, со што овозможи да продолжат разговорите на оваа тема.

publie le 22/01/2020

hautdepage