Европските интеграции во развојните перспективи на Република Северна Македонија [fr] [sq]

Во петокот на 10 мај во Куманово, се одржа панел дискусија на тема „Европските интеграции во развојните перспективи на Република Северна Македонија со осврт на Северо-источниот плански регион“

Овој настан, организиран од Европското движење ЕДМК во соработка со Општина Куманово, е дел од традиционалната прослава на Денот на Европа - 9 мај. Дискусиите беа пред сè насочени кон европската интеграција и реформите поврзани со пристапните преговори, како и кон механизмите за градење на капацитетите на локалните власти. За време на својот престој во Куманово, амбасадорот присуствуваше со градоначалникот на Куманово на свеченото отворање на игралиште за деца со посебни потреби реализирано во соработка со клубот „Ротаракт” и Амбасадата на Швајцарија.

publie le 15/05/2019

hautdepage