FAME’S [fr]

FAME’S Project e компанија основана од млади француски претприемачи. Таа веќе десет години создава музика за европски, американски и азиски филмови, со македонски музичари.

JPEG

За да го развијат својот проект, тие одбрале да инвестираат во Скопје, со изградба на ново студио со уникатни акустични својства во регионот, но, исто така, да придонесуваат за македонскиот културен живот, бидејќи во зградата ќе биде сместен, во рамките на едно ефективно партнерство со општината Гази Баба, општинскиот културен центар, веднаш до студиото, канцелариите и кафетеријата.

JPEG

Амбасадорот на Франција дојде да се запознае со тоа како напредуваат работите на терен и со перспективите на FAME’S во Македонија и да се сретне со нејзините основачи, архитектот, г. Бесиан Мехмети и менаџерот Дино Адеми од фирмата Eurovia / Еуровиа.

JPEG

Ова е пример во духот на францускиот бизнис, каде што се комбинираат економијата, културата и вистинската соработка. Македонија гледа кон иднината!

JPEG

publie le 09/03/2017

hautdepage