"Fashion & Lifestyle Expo", во Македонската Опера и Балет [fr] [sq]

Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, овој франкофонски институт, поддржан од Францускиот институт во Скопје, одржува висококвалитетна професионална настава, насочена кон зајакнување на капацитетите на локалната индустрија.

Амбасадорот ја посети изложбата на креациите на студентите при Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, која се одржа во рамките на третото издание на "Fashion & Lifestyle Expo", во Македонската Опера и Балет. За време на посетата, тој беше во можност да ги запознае студентите на овој франкофонски институт, поддржан од Францускиот институт во Скопје, особено во областа на наставата по француски јазик и мобилноста на учениците, каде што се одржува висококвалитетна професионална настава, насочена кон зајакнување на капацитетите на локалната индустрија. Амбасадорот разговараше со господинот Изет Цури за претстојните активности, вклучувајќи ја и главната изложба што овој Институт ќе ја организира кон крајот на јуни, во Националната галерија.

publie le 02/04/2018

hautdepage