Скопскиот филмски фестивал кој се одржа од 19 до 26 април 2018 година во главниот град на Македонија, се фокусираше на францускиот филм со премиерата на "Се гледаме таму горе" на Албер Дипонтел и со гостувањето на неколкумина филмски работници со поддршка на УниФранс
Скопскиот филмски фестивал кој се одржа од 19 до 26 април во главниот град на Македонија, од своето основање во 1997 година, става акцент на францускиот филм, посветувајќи голем простор од својата програма на француската продукција.
Оваа година, фестивалот се фокусираше на францускиот филм со премиерата на "Се гледаме таму горе" на Албер Дипонтел и со гостувањето на неколкумина филмски работници со поддршка на УниФранс. Амбасадорот, придружуван од советникот за соработка и култура, се сретна во резиденцијата на Франција со француските гости на фестивалот, режисерката на филмот "Ава", Леа Мисиус, продуцентката Фани Ивоне, режисерот на филмот "Скришно",
Кристоф Режен и филмскиот критичар Навид Сарем, задолжен за програмата на фестивалот. Амбасадорот ја искористи оваа можност да ѝ се заблагодари на Татјана Јаневска, директор на фестивалот, за нејзиниот придонес кон промоцијата на француската продукција и нејзината посветеност како селектор на програмата за авторски филм.