Фотографот Роберт Јанкуловски одликуван во резиденција [fr] [sq]

Во петокот, на 9 ноември, амбасадорот го одликуваше господинот Роберт Јанкулоски, македонски фотограф и основач на Македонскиот центар за фотографија со орденот Витез од Редот на уметностите и книжевностите.

Приемот беше организиран во негова чест, во присуство на неговите роднини и колеги уметници. Господинот Роберт Јанкулоски учествувал на бројни изложби во земјата и во странство. Со неуморна работа врз дигитализирањето и обработката на стаклените плочи што се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола, Роберт Јанкулоски успеа да го заживее фотографското наследство на Браќата Манаки, првите кинематографи на Балканот и да ги возобнови подзаборавените спомени од Битолскиот регион и Македонскиот фронт, од почетокот на дваесеттиот век.

Непроценлива беше неговата помош кон амбасадата на Франција во текот на одбележувањето на Стогодишнината од Првата светска војна. Седумнаесет фотографии од браќата Манаки се постојано изложени во Меморијалниот комплекс на Француските воени гробишта во Битола.

publie le 14/11/2018

hautdepage