Франција и Македонија прославуваат со музика 25 години дипломатски односи [fr] [sq]

По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Македонската Опера и Балет организираа гала концерт во присуство на амбасадорот на Франција, министерот за надворешни работи, г. Н. Димитров, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Б. Османи, министерот за Образование и Наука, г. А. Адеми и многу други гости.

Елена Голомеова, сопран (Франција, Македонија) и Жак-Грег Белобо, бас-баритон (Камерун, Франција) интерпретираа традиционални француски и македонски арии во преполната сала. Во оваа прилика, амбасадорот ја повтори посветеноста на Франција на единството, стабилноста и европската интеграција на земјата.

publie le 20/06/2018

hautdepage