Франција истражува можности за инвестиции во Македонија [fr] [sq]

Во понеделникот, на 16 јули, амбасадорот оствари средба со г. Бардил Даути, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции.

JPEG

Во текот на средбата, дискусиите се фокусираа на неодамнешните мерки преземени во полза на странските инвестиции во Македонија и на најдобриот начин да се препознаат во Франција новите придобивки за компаниите.

Амбасадорот ја искористи можноста да ја претстави одлуката на француските власти, по самитот во Лондон, да се конкретизира поддршката на Франција во регионот на Западен Балкан преку активностите на Француската агенција за развој (bit.ly/2Jx6sJG) чиј опсег сега е проширен и на Македонија.

Агенцијата интервенира преку заеми и донации на приватниот сектор во најразлични области: животна средина, енергија, образование, менаџмент итн.

publie le 05/08/2018

hautdepage