Франција останува посветена на страната на Македонија [fr] [sq]

Франција и понатаму ќе ја придружува Македонија на патот на нејзината европска интеграција, нагласува г-ѓа Лилиана Танги во нејзиното интервју, дадено за телевизијата Телма.

"Франција внимателно ја следи состојбата во Македонија и ја охрабрува да продолжи со спроведувањето на реформите, но исто така и да се подобри функционирањето на Парламентот". Во врска со преговорите помеѓу Македонија и Грција за името на земјата, г-ѓа Танги истакна дека е постигнат напредок и дека двете страни треба да продолжат да бараат заемно прифатливо решение. Таа е оптимист во врска со европските перспективи на земјата и нагласува дека Франција и понатаму ќе ја придружува Македонија на патот на нејзината европска интеграција. Погледнете го интервјуто на г-ѓа Лилиана Танги, дадено за телевизијата Телма за време на нејзината неодамнешна посета.

publie le 02/04/2018

hautdepage