Франција останува посветена, во 2018 година како во 2001, на страна на Македонија за да ја придружува на нејзиниот европски пат [fr] [sq]

Гостин на амбасадата, од 20 до 22 септември беше Н.Е. г-дин Ален Ле Роа, амбасадор на Франција, пријател на Македонија, специјален претставник на Европската унија во Македонија во 2001 и 2002 година.

Во тоа време, тој помогна земјата да ја врати довербата меѓу заедниците и да ја консолидира својата иднина. При оваа посета, на средбите со претставници на власта и на опозицијата, како и на медиумите, во Скопје и во Тетово, амбасадорот искажа поддршка за договорот од Преспа, кој го признава јазикот и македонскиот идентитет. Тој се осврна на перспективите на земјата за европска интеграција по референдумот од 30 септември и неговите очекувања дека уставната ревизија ќе биде успешен процес. Тој потсети дека Франција на највисоко ниво внимателно и со симпатии го следи развојот на настаните во Македонија и останува посветена, во 2018 година, како и во 2001, на страна на земјата за да ја придружува на нејзиниот европски пат. Франција смета на мудроста и посветеноста на македонските граѓани кои знаат сами јасно да се произнесат во полза на нормализирање на односите со Грција, што е клучот за нивната иднина и за конечната консолидација на нивната држава во рамките на НАТО и на Унијата.

publie le 23/09/2018

hautdepage