Француска филмска сесија во Куманово [fr] [sq]

Во четврток, на 25 октомври, амбасадорот ја отвори француската филмска вечер во Занаетчискиот дом во Куманово, заедно со г. Горан Митевски, одговорен за меѓународни односи при општина Куманово.

Прикажувањето на комедијата „Жените од 6-тиот кат" го означи почетокот на циклусот француски филмови со превод на двата најзастапени јазици во земјата, подготвен од Францускиот институт во Скопје. Амбасадорот го истакна примерот на овој симболичен град на македонскиот соживот меѓу различните заедници. Прикажувањето на филмот, исто така, имаше за цел да ги охрабри учениците коишто го изучуваат францускиот јазик, а особено тие од двојазичните паралелки во овој град и нивните професори кои во голем број беа присутни во публиката.

publie le 29/10/2018

hautdepage