Француска филмска вечер во училиштето "Лирија" во Тетово [fr] [sq]

Во понеделникот, на 29 октомври во Тетово, во присуство на градоначалничката Теута Арифи, којашто е франкофон, амбасадорот ја отвори вечерта на францускиот филм во училиштето „Лирија".

Со поддршка на Центарот „Лоја" и Францускиот институт во Скопје, Француската алијанса во Тетово организираше филмска вечер, исто така, замислена како франкофонски собир во ова училиште каде што изучувањето на францускиот јазик е традиција.

Во оваа пригода, амбасадорот ги врачи дипломатите ДЕЛФ на новите слушатели и ги охрабри професорите по француски да продолжат со нивната одлична работа. По прикажувањето на француски шансони и краткометражни филмови направени од учениците, младата многубројна публика ја гледаше комедијата на Филип Ле Ге „Жените од 6-тиот кат" со двоен титл, на македонски и албански јазик.

Следната етапа од циклусот посветен на францускиот филм ќе биде градот Гостивар.

publie le 01/11/2018

hautdepage