Француска музичка вечер во рамките на фестивалот Охридско лето [fr] [sq]

Секоја година, во рамките на фестивалот Охридско лето традиционално се организира Француска вечер, со поддршка од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов, покровител на фестивалот, голем љубител на музиката и градоначалникот на Охрид, господинот Јован Стојановски, заедно со амбасадорот на Франција го проследија концертот полн со емоции на дуото пијанисти Мишел и Никола Бурдонкл, татко и син, во знакот на францускиот композитор Дариус Мијо. По завршувањето на концертот, амбасадорот приреди вечера во чест на овие исклучителни уметници, на којашто се разговараше за културните случувања во двете земји.

publie le 05/08/2018

hautdepage