Француска поддршка за парламентарен етички кодекс. [fr] [sq]

Во четврток, на 10 мај беше организирана тркалезна маса во македонскиот парламент на тема спроведување на парламентарниот етички кодекс.

Професорот Мелен-Сукраманиен, поранешен деонтолог при Националното собрание на Франција, во рамките на предавањата организирани од Францускиот институт во Скопје го сподели француското искуство во оваа област.

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери и се заблагодари на Франција за нејзината континуирана поддршка, истакнувајќи ја потребата од функционален парламент и воспоставување на етички стандарди за изградба на парламентарната демократија, што е тешка задача во која тој ја вложува сета своја енергија.

Амбасадорот потсети дека македонските пратеници од мнозинството и од опозицијата треба да имаат конструктивна улога за заеднички да изготват свој етички кодекс, служејќи се со француските позитивни искуства.

Франција целосно го поддржува процесот за подобрување на комуникацијата што ќе се одвива во таа насока во Охрид и очекува конкретни и брзи резултати во интерес на земјата и нејзината европска интеграција.

publie le 16/05/2018

hautdepage