Француската музика во центарот на вниманието во Чаир [fr] [sq]

Во петок, на 19 октомври, амбасадорот присуствуваше на отворањето на првото издание на Интернационалниот фестивал на камерна музика „Скупи Камерфест 2018“.

Многубројната публика ја поздрави извонредната изведба на трите солисти, пијанистот Пјер-Лоран Бушарла, виолинистката Сихана Бадивуку и виолистот Блерим Груби, кои прекрасно изведоа дела на Шуберт, Сен-Сан и Дебиси во Националната Галерија – “Даут Пашин Амам”. Амбасадорот срдечно им честиташе на музичарите, охрабрувајќи ги да ја продолжат соработката во 2019 година со нови проекти заедно со Францускиот институт во Скопје.

publie le 22/10/2018

hautdepage