Француската соработка : израз на меѓународна солидарност

Франција веќе долго време изразува солидарност кон балканските народи, вклучувајќи ја поддршката во борбата за слобода, за што сведочат француските воени гробови во Битола и Скопје, каде се закопани дваесет илјади француски војници кои загинаа на македонска територија во текот на Првата светска војна.

Земјотресот што го погоди Скопје во 1963 година предизвика елан за соработка со југословенска Македонија што не престана да зајакнува со текот на времето : итната помош како и отворањето на француски културен центар воспоставија траен мост помеѓу народите и културите.

Триесет години подоцна, Франција исто така изрази желба да го даде својот придонес во излезот од кризата на југословенскиот простор и во утврдувањето на македонската демократија : државни чиновници како Роберт Бадинтер, Ален Лерој и Франсоа Леотар, учествуваа во утврдувањето на уставот и воспоставувањето на политички дијалог во Македонија; донација вредна 8 милиони евра овозможи изградба на комуникациска инфраструктура, системот за прочистување на водата и мостот “Гоце Делчев“ кој ги поврзува двете страни на Вардар. (слика од мостот)

Во случај на проблем Франција е секогаш подготвена да ја даде својата помош. За време на шумските пожари кои се случија летото 2007, таа итно изврши мобилизација на човечки ресурси од многу места на Медитеранот. Осум пожарникари кои дејствуваат во меѓународни рамки, дојдоа да им помогнат на нивните колеги од Македонија. Овие контакти отворија нови можности за соработка во рамките на цивилната безбедност, земајќи го предвид и снабдувањето на возилата со опрема за противпожарна заштита. (слика од Битола). Надвор од итните интервенции, француската соработка се заснова на долгорочна обука и партнерство.

Главната оска на фарнцуската политика денес е поддржувањето на Македонија, која веќе опстојува како независна држава, во процесот на европска интеграција, концентрирајќи се при тоа на јавната администрација и владината управа во пошироки рамки.Франција придонесува кон дефинирањето на политиката на Европската унија и како земја членка тежнее кон истите цели при соработката ; може да го пренесе искуството од нејзините институции и умеење кое е особено признаено во областа на јавната управа .

Франција го штити процесот на демократизација и правната држава, гаранција за политичка стабилност и безбедност. Таа има долга традиција во администрацијата, правосудството и полицијата како и голема стручност во образовната сфера која ја пренесува во Европа и светот. Потенцијалните членки за Европската унија се послужија со француските образовни програми за службеници во правосудството, полицајци и државни службеници. Француската влада придонесува кон развојот на македонските органи за одржување на редот од казнување на кривични дела до исполнување на демократските барања со константна подршка на полицијата полицијата. (веб страната ). Квалитетот на оваа соработка беше причина Европската унија да ја задржи француската понуда при европската мисија за помош на развој на полицијата од фондовите на ИПА инструментот, во периодот 2008-2010. Во контекстот на децентрализација, Франција може да го сподели своето искуство во еден релативно нов процес . Единици на локалната самоупрва во Франција создаваат парнерства со македонски општини.

Француската соработка така се концентрира на јавната администрација што претставува европско барање и област во која Франција е извонредна.

Покрај ова општо партнерство кое ги поврзува овие две земји во нивната европска иднина, француско-македонското пријателство се манифестира и преку нивните заеднички ангажмани на меѓународно ниво. И двете земји се стремат кон одбрана на заедничките вредности во рамките на различни меѓународни организации како што е примерот со Меѓународнта организација на франкофонијата од септември 2006 година.

Како простор на солидарност околу еден јазик присутен на сите пет континенти, оваа заедница овозможи да се изврши влијание за да се донесе спогодба за културна разновидност и таа да биде усвоена од страна на УНЕСКО; инструментите за ратификација беа предадени од страна на скопските валсти во јуни 2007 година.

Влезот на земјата во франкофонското семејство би требало да се покаже позитивно во процесот на приклучување кон Европската унија и НАТО каде што францускиот е еден од официјалните јазици. Затоа Франција ги поддржува владините напори во спроведувањето на сообразна политика и формирање мрежа од двојазични единици.

Францускиот културен центар којшто постои во Скопје уште од 1972 година (веб страна ) придонесува кон културниот живот на земјата и го поддржува образованието на француски јазик.
Тој стана препознатлив партнер во една широка културно-едукативна француско-македонска мрежа на соработка.

Што се однесува до образованието кај младите генерации, склучувањето партнерства помеѓу универзитетите ќе придонесе кон развојот на капацитетите кај македонските универзитети, нудејќи исовремено квалитетна универзитетско образование : мастер диплома за меѓународна трговија во Скопје, диплома за локална администрација на Универзитетот на Југо-источна Европа во Тетово. Со проектите поддржани од страна на Европската унија во рамките на Темпус програмата се настојува да се зацврстат врските и да се засили универзитетската соработка. (университетската страница)

Надвор од образовните програми, интелектуалците од елитата имаат потреба да ја развијат научната размена и воспоставувањето контакти помеѓу истражувачите. Француската влада води политика за подршка на билатералните партнерства, кои се со вокација за поширока димензија во рамките на европскиот простор за научното истражување.

Што се однесува до науката, предизвикот пред кој стои Европа е совладување на новите техники, технолошката размена и поширокиот економски и човечки развој. Кога станува збор за општествениот домен, француската соработка е насочена кон здравствениот и образовниот сектор ; во областа на економијата, таа започнува проекти и го поддржува вклучувањето на француски економски фактори во областа на земјоделието, прехрамбената индустрија, енергетскиот сектор, туристичкото инжениерство и животната средина.

Управувањето со водените ресурси е вклучено во мноштвото различни домени. Многу француски меѓународно прифатени оператори развија компетентност за овој домен. Средувањето на реќното корито на Вардар треба да биде разгледано од глобален аспект и да се земат предвид различни аспекти : енергијата, системите за наводнување, животната средина и отпадните води. Повеќе француски компании придонесоа со својата стручност. Европската унија особено внимава на прашањето за справувањето со отпадните води надвор од границите. Франција која изгради станица за прочистување на водата во Кочани во 2005 година, ќе ја продолжи својата соработка со Европската унија при глобалниот пристап во однос на прашањата за водата, еден од големите предизвици на новиот милениум .

Најдоброто од нас, како придонес кон подобар свет

publie le 11/11/2014

hautdepage