Француски идеи за образованието [fr] [sq]

Господинот Оливие Крузе, педагошки директор на Школата 42 и гостин на Ноќта на идеите во Скопје, даде интервју за весникот "Нова Македонија"

Во оваа интервју тој ги презентираше иновативните наставни методи на оваа единствена високообразовна информатичка институција, замислена како голема видео-игра: наставната програма на ова училиште, каде што не е потребно да се има диплома и каде што нема наставници или часови, има за цел да се развива кај учениците, преку заеднички проекти и учење меѓу врсници, нивната способност да се адаптираат, да споделуваат, да пребаруваат и да бидат иновативни. Школата, меѓу 35.000 кандидати од целиот свет, прими и еден ученик од регионот на Балканот, г. Волхан Салаи од Куманово, кој веќе има основано сопствена компанија. Школата ја отворил г. Гзавие Нил, претприемач во областа на комуникациите, кој од неодамна е сопственик во Париз и на најголемиот стартап-инкубатор во светот, Станицата Ф.

Целосно интервју:
http://bit.ly/2EzEprj
JPEG

publie le 20/02/2018

hautdepage