Во петокот на 2 октомври, амбасадорот прими седуммина француски професионални алпинисти, на крајот од нивниот тринеделен престој во партнерство со Македонската алпинистичка федерација, кои имаа за цел да поставаат нова траса во Маврово.
Во петокот на 2 октомври, амбасадорот прими седуммина француски професионални алпинисти, на крајот од нивниот тринеделен престој. Во партнерство со Македонската алпинистичка федерација, програмскиот тим Рок авантура постави нова траса на повеќе од 200 вертикални метри во секторот Маврово, најдолгата на Балканот. Тие учествуваа и на тркалезната маса организирана на 22 септември од нашата амбасада и од швајцарската програма ИМЕ, за предизвиците на природниот туризам и местото на Маврово како нова дестинација за качување. Учествуваа и на единаесеттиот Фестивал на качувањето во Демир Капија, од 25 до 27 септември. Од другите партнери беа присутни: раководителот на проектот Тања Георгиевска од програмата ИМЕ, претседателот на македонската федерација за качување Владимир Трповски и од швајцарската амбасада, г. Лисјен Егертер, заменик на амбасадорот. Авантурата на "FFME Roc Aventure Programme" заврши за оваа година, но се надеваме дека наскоро повторно ќе нè посетат.