Францускиот јазик - јазик на дипломатските односи [fr] [sq]

Во средата на 29 мај, амбасадорот отвори дводневна работилница во просториите на Дипломатската академија при Министерството за Надворешни работи, на тема „Францускиот јазик - јазик на дипломатските односи".

Организирана од Францускиот институт во Скопје и Директоратот Дипломатска академија при МНР, а како дел од Француската стратегија за Балканот, оваа работилница имаше за цел да го подобри практичното познавање на францускиот јазик кај македонската администрација. Во таа пригода, амбасадорот го истакна значењето на францускиот јазик како јазик на меѓународните односи во една полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата (OIF > https://www.francophonie.org) и ја реафирмираше позицијата на Франција да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон европската интеграција.

publie le 02/06/2019

hautdepage