Француски карикатурист ја освои првата награда во Светската галерија на карикатури во Скопје ! [fr] [sq]

Францускиот карикатурист Жан-Лоик Беломе ја освои првата награда на 50-то издание на "Светската галерија на карикатури - Скопје 2018".

Изложбата, во организација на "Остен", содржи 792 дела на 208 карикатуристи од 50 земји од целиот свет. Отворена е во Музејот на град Скопје до 10 јуни 2018 година. Победникот, Жан-Лоик Беломе е независен француски цртач и дизајнер.

Тој од 1980 година соработува со повеќе медиуми: Le Pélerin, La Vie, Formule 1, Ouest-France, Triolo, Circus, Lui, Play-Boy, Penthouse, Frilouz, Fluide Glacial, Détective, Télérama Junior, Spirou, P’tit Loup, le Journal de Mickey, France 3, Canal+. Јавноста го препознава особено по стриповите со неговиот лик "Боб" нацртан на шишињата со свежо млеко "Бридел".

publie le 07/06/2018

hautdepage