Француско-германска комеморација на 11 ноември [fr] [sq]

Во недела, на 11 ноември, амбасадите на Франција и на Германија одржаа двојна заедничка церемонија на воените гробишта во Битола (поранешен Манастир).

Церемонијата се одржа во присуство на дипломатскиот кор, како и на високи претставници од земјата и на градоначалниците на Битола и на Новаци.

Германскиот амбасадор го одржа својот говор на француски јазик на Француските воени гробишта, а амбасадорот на Франција зборуваше на германски јазик на Германските воени гробишта. Двајцата амбасадори ја истакнаа важноста да се научат лекциите од минатото и да се пренесуваат на идните генерации. Тие зборуваа за значајноста на примерот на француско-германското помирување и неговата улога во градењето заедничка европска иднина. Амбасадорот, исто така, ја прочита пораката на Претседателот Макрон до нацијата, како и имињата на војниците кои оваа година загинаа за Франција.

Гимназијалци од Франција и од Битола оддадоа посебна почит. Учениците од средното училиште во Кутанс, во Нормандија изработија спомен-плоча посветена на мирот, која беше свечено откриена на вчерашното одбележување на Стогодишнината од Примирјето.

publie le 14/11/2018

hautdepage