Француско-германски едиторијал објавен во весникот Вест во рамките на прославата од 53- та годишнина од потпишувањето на Елисејскиот договор [fr] [sq]

На 22 јануари 1963 година во Елисејската палата во Париз беше потпишан договор кој овозможи француско-германско помирување. Елисејскиот договор беше постигнат благодарение на политичката определба на Генералот Де Гол и на Канцеларот Kонрад Аденауер. Овој политички чин претставува симбол на приближување меѓу две нации, толку силно повредени од воената бура во текот на Првата и на Втората Светска Војна. Ова приближување кое е трпеливо негувано, претставува извор на пријателство кое, чекор по чекор ја обликуваше и ја спроведуваше европската изградба.

Договорот ја даде основата на новите билатерални односи меѓу двете земји, воведувајќи официјални посети и основајќи ја француско-германската Канцеларија за млади. Политичките обврски овозможија секојдневно да се одржува добрата насока на стратешко партнерство и на идните генерации да им се пренесе чувството за споделување на заедничка судбина.

  • Успешната приказна на Германско-француската младинска организација би требало да се повтори овде во регионот, секако со други акценти и прилагодена на потребите. Да потсетиме на Берлинската конференција во август 2014 година, која се осврна на прашања поврзани со Западниот Балкан и на која се дискутираше за можноста за формирање на регионална младинска организација, следејќи го германско-францускиот модел. Оваа идеја понатаму беше доразвиена на следната конференција, во Виена во август 2015 година, а важна улога ќе игра и на третата конференција, летото во Париз. Да се потсетиме денес и на историскиот говор на Претседателот де Гол, со кој тој се обрати до германската младина во Лудвигсбург летото 1962 година и кој беше значаен момент во историјата на германско-француското помирување и пријателство.
  • Покрај конфликтите и ривалствата во минатото, Франција и Германија успеаја да ги надминат своите вековни судири преку воспоставување на привилегирани односи. Граѓанското и политичкото помирување, обновувано преку делата и стави крај на секоја идеја за вооружен конфликт во рамки на Европската заедница. Ова искуство ни учи дека е потребна силна политичка волја за надминување на поделбите меѓу земјите и народите, над историјата и националното чувство. Континуираниот дијалог останува најдобриот начин за решавање на споровите и блокадите во меѓународните односи.
  • Француско-германската двојка денес е потребна повеќе од кога и да е за да одговори на главните предизвици со кои се соочува Европската Унија. Германија и Франција треба заеднички да работат за да се соединат економиите на земјите-членки, за подобрување на економското управување и за промоција на иновациите за што подобра вклученост во глобалните текови. Сепак, предизвиците не се само економски туку се однесуваат и на политиката и на безбедноста.
  • Франција и Германија, како и сите земји-членки, се изложени на неопходната потреба да дадат заеднички одговор на мигрантската криза за да ги прифатат политичките бегалци во согласност со меѓународните конвенции. Француско-германската двојка е обврзана да ја зајакне соработката за да се одговори на распространетиот ризик од терористички закани. Нашата колективна безбедност е суштинско прашање за обезбедување на јавниот ред во и надвор од границите на Европската Унија, почитувајќи ги основните слободи на граѓаните.

Сите ние, сите 28 држави-членки на ЕУ, како и оние, кои сакаат еден ден да и припаѓаат, мора повторно поангажирано да се бориме за овој европски проект. Притоа, Германија и Франција како мотор на европското обединување носат посебна одговорност. Низ децениите, европскиот проект ни стана нормална политичка појава, како интеграцијата да напредувала сама од себе. Оваа нормална појава веќе не постои. Предизвиците од миграциската криза, како и претходно од финансиската и евро- кризата, го откриваат големиот број на разлики во интересите меѓу државите-членки. Но, мора да е јасно: Само заедно Европа е силна.

Моќта на динамиката меѓу Франција и Германија е во нејзината способност за соочување со нови предизвици, во изнаоѓањето на решенија и праведни политики, способни да ја обликуваат нашата заедничка иднина.

publie le 25/01/2016

hautdepage