Француско-германско пријателство [fr] [sq]

По повод 55-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор, амбасадорите на Франција и на Германија беа во интервју за телевизијата Телма, во рамките на емисијата "Топ Тема", што се емитуваше во понеделник, 22 јануари во 22:10 часот.

Тие ја истакнаа европската вокација на француско-германското приближување, кое има големо значење во изградбата на Европската Унија. Амбасадорите, исто така, ја потврдија решеноста на двете земји да ја придружуваат Македонија на патот на нејзината европска и атлантска интеграција и потсетија на француските, германските или француско-германските иницијативи во рамките на соработката со земјата. Во последниот период се забележува особено позитивен напредок, а францускиот и германскиот амбасадор ја поздравија добрата волја на грчката и на македонската страна во нивните заеднички напори за решавање на спорот со името; успехот на оваа иницијатива ќе биде најдобриот аргумент за олеснување на приближувањето помеѓу Скопје и Брисел.
Погледнете го интервјуто во целина

publie le 31/01/2018

hautdepage