Француско-македонската соработка во Курбиново го привлече вниманието на „Њујорк Тајмс" [fr] [sq]

Изградена кон крајот на 12 век, византиската црква Свети Ѓорѓи од Курбиново ги чува највредните фрески во земјата. Амбасадата на Франција во соработка со здружението „Македонида", ги поддржува конзерваторските активности врз овој значаен споменик на средновековната уметност во Северна Македонија и нејзиниот туристички потенцијал.

„Не постои поубав симбол за Европа што сакаме да ја градиме, Европа која покажува одговорност кон наследството, Европа која ги приближува Рим и Византија, Европа која на идните генерации им остава место исполнето со убавина, за која ние имаме заедничка одговорност”, истакнува амбасадорот во документарниот филм цитиран од американскиот дневен весник 👉 bit.ly/TheNewYorkTimes_Kurbinovo

PNG

publie le 22/07/2019

hautdepage