Француско-македонски подиум на охридскиот маратон [fr] [sq]

Во саботата, на 24 август, францускиот пливач Аксел Рејмон, светски шампион на 25 километри, ја освои четвртата етапа на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година е дел од Светската серија на ултра маратони на Меѓународната пливачка федерација.

Рејмон ја обезбеди победата на трката на 25 км за 5ч20: 55 секунди, со мала предност пред македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев кој исплива 5ч21: 03. Претседателот Стево Пендаровски, покровител на Охридскиот маратон, им честиташе на победниците.

publie le 28/08/2019

hautdepage