Француско-македонски симпозиум за компаративно право на тема – слободата на вероисповед [fr]

Петти француско-македонски симпозиум за компаративно право организиран во рамките на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Овој циклус започна во февруари 2013 г и има за цел да се споредуваат законодавните и судските искуства во Франција и во Македонија, со идеја дека научното познавање на внатрешните механизми ќе придонесе за нивно подобрување, особено во поглед на европската интеграција.

На симпозиумот говореа четворица француски и четворица македонски предавачи, повеќето од нив професори на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје (Македонија) и на Правниот факултет во Каен (Франција). Тие ја претставија слободата на вероисповед, преку нејзината концептуализација и имплементација.

Петтиот симпозиум се одржа во присуство на македонски студенти, но и на 20 француски студенти од постдипломските студии на Правниот факултет во Каен, чијашто специјалност се основните права на човекот и тие за оваа пригода беа дојдени во Македонија.

Овогодинешниот симпозиум е посветен на слободата на вероисповед загарантирана со повеќето меѓународни правни договори, почнувајќи со Европската конвенција за човекови права (чл. 9), којашто ги поврзува Франција и Македонија.

JPEG

Европскиот суд за човекови права постојано ја истакнува важноста на слободата на мислата, совеста и религијата и општо земено, се смета дека тоа се темелите на демократското општество; од друга страна, судиите сметаат дека верската слобода претставува витален елемент кој придонесува за создавање на идентитетот на верниците и нивната концепција за животот. Всушност, Европскиот суд за човекови права ја стави слободата во поглед на религијата на ниво на материјалното право од Конвенцијата, најнапред индиректно, а потоа и на сосема директен начин.

publie le 16/12/2015

hautdepage