Еден француски експерт ќе ја придружува земјата во ЕУ [fr] [sq]

Во понеделник 19 февруари, амбасадорот беше во посета на Секретаријатот за европски прашања, по повод потпишувањето на писмото со кое г. Лафон, француски технички експерт, формално стана член на тимот на Заменикот на Претседателот на Владата г. Османи.

За време на средбата, г. Османи й се заблагодари на Франција за оваа поддршка за Македонија, нагласувајќи ја желбата на француските власти да ја зајакнат европската перспектива на Западен Балкан. Амбасадорот потсети дека преку имплементацијата на владината агенда конкретно ќе се отворат овие европски перспективи за Македонија. Г. Лафон ќе й помага на земјата во текот на следните две години во процесот на пристапување, како меѓународен технички експерт.

publie le 20/02/2018

hautdepage