Прослава на Франкофонијата во Крива Паланка [fr] [sq]

Во вторникот, на 26 март амбасадорот ја посети општина Крива Паланка. Притоа, тој оствари средба со градоначалникот г. Борјанчо Мицевски, како и со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Анри Андоновски (опозиција), во присуство на пратеничката, г-ѓа Слаѓана Митовска. Посетата на амбасадорот заврши во Центарот за култура, за да присуствува на франкофонскиот настан во овој град.

Во вторникот, на 26 март амбасадорот ја посети општина Крива Паланка. Притоа, тој оствари средба со градоначалникот г. Борјанчо Мицевски, со кого разговараше за интензивирање на билатералната соработка, особено во областа на локалниот развој, како и за претстојните претседателски избори. Потоа, амбасадорот разговараше за истите прашања со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Анри Андоновски (опозиција), во присуство на пратеничката, г-ѓа Слаѓана Митовска.

На крајот од посетата, тој присуствуваше во Центарот за култура на франкофонски настан во организација на младите франкофони од ООУ „Јоаким Крчовски”, СОУ „Ѓорче Петров” и ООУ „Илинден” од Крива Паланка, а под менторство на нивните професорки по француски јазик, Елена Николовска, Сашка Младеновска, Елена Ѓеорѓиевска, Мимоза Ивановска и Елена Филиповска. Овој настан се реализираше во соработка и со поддршка на Француски институт во Скопје. Повеќе од 500 ученици, наставници и родители уживаа во прекрасната претстава што беше изведена во чест на Франкофонијата.

publie le 01/04/2019

hautdepage